(ВИДЕО) Заев-Линде: Шведска со силна поддршка за евроатланските аспирации

Од:

Премиерот Зоран Заев, во рамки на дводневната работна посета на Португалија, вечерва оствари средба со министерката за европски прашања на Шведска, Ан Линде.

Министерката Линде на средбата, како што соопшти владината прес-служба, ја повтори силната поддршка на нејзината земја за евроатлантските аспирации на нашата земја и покажа интерес за актуелниот момент од процесот на имплементацијата на Договорот од Преспа.

Премиерот Заев ја запозна со најновиот тек на овој процес и информираше за почетните резултати од јавната расправа за нацрт амандманите за уставни измени кои ја поминаа првата фаза на утврдување како нацрт во Собранието на Република Македонија.

Премиерот Заев зборуваше и за следните постапки во овој процес кога се очекува Владата на РМ, како предлагач на уставните измени и на нацрт амандманите, два дена по јавната расправа, да ги сублимира резултатите и како извештај да ги достави до Парламентот, по што постапката за промената на Уставот на Република Македонија, со цел имплементација на Договорот со Грција со што треба да се овозможи пристапување на Република Македонија во Европската Унија и НАТО, се очекува да заврши кон средината на јануари со пленарна седница во Собранието на Република Македонија.

Претседателот на Владата на РМ Заев и министерката за европски прашања Ан Линде во разговорот се задржаа и на активностите на нашата земја на внатрешните реформи, за кои премиерот Заев изрази уверување дека ќе бидат остварени во предвидените рокови, за да се обезбеди очекуваниот старт на отворање на поглавјата како последна фаза од процесот за членство во ЕУ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

(ВИДЕО) До 1 јули новиот владин состав пред пратениците, најави Мицкоски

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија

Горан Наумовски

Левица: Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните