Зехофер: Меркел е најдобра и ќе ни недостасува

Од:

Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер, кој во повеќе наврати ја критикуваше канцеларката Ангела Меркел поради миграциската политика, но и за други прашања, призна дека „таа е најдобра“ и оти ќе недостасува, пренесе ДПА.

Тој зборуваше на партиската конференција на Христијанско демократската унија неколку часа пред да биде избран наследникот на Меркел на позицијата претседател на владејачката партија.

– Кога ќе преживеете толку многу, колку Ангела Меркел и јас, се создава врска, понекогаш дури и приврзаност, рече тој.

Зехофер е шеф на конзервативната Христијанско социјална унија, баварската сестринска партија на ЦДУ. Неговите тврди ставови во однос на миграцијата, летото доведоа до распаѓање на трипартиската коалиција.

Би можело да ве интересира

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува

ЦСУ го одобри коалицискиот договор со ЦДУ и СПД

Мерц: Коалицијата на конзервативците и СПД е сигнал дека Европа може да се потпре на Германија

Во Германија формирана голема коалиција

Тела на маж и жена најдени во резервоар за ѓубриво на фарма во Германија

А1он