Портпаролот на пратеничката група на Независни Грци: Историскиот Договор од Преспа треба да помине

Од:

Мојата позиција е цврста, а тоа е дека историскиот договор треба да помине и да се заврши. Изборот на неактивност чинеше многу скапо, вели портпаролот на пратеничката група на Независни Грци и пратеник, Танасис Папахристопулос за грчкото радио „Реал фм“.

Папахристопулос потенцира дека неговата позиција уште од пред една година, останува непроменета, тој ќе гласа за ратификација на Договорот од Преспа кога ќе дојде во грчкиот Парламент, јави дописничката на МИА од Атина.

– Мојата позиција е цврста и ништо не може да ја смени, дури и по последните изјави на Заев, кои според мене, се предизборни бидејќи сака да добие 80, две третини од пратениците. Ова е мое мислење, вели Папахристопулос.

Пратеникот од Независни Грци, во интервјуто за грчкото радио објаснува дека тој нема да биде причина да падне Владата на Ципрас.

– На денот кога ќе гласаме за Договорот од Преспа, ќе гласам „за“ и ќе го отстапам моето пратеничко место, вели портпаролот на пратеничката група на Независни Грци.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната