Ули Маурер избран за претседател на Швајцарија

Од:

Досегашниот министер за финансии Ули Маурер денеска, од страна на Парламентот, беше избран за претседател на Швајцарија.

Шеесет и осумгодишниот Маурер на оваа функција ќе биде од 1 јануари до 31 декември 2019 година. Тој е член на десничарската „Швајцарска народна партија“,а во Владата е од 2009 година, каде бил и министер за одбрана. Маурер беше претседател и во 2013 година.

Швајцарскиот претседател е прв меѓу седуммината еднакви во Федералниот совет (Влада), чии членови ротираат на претседателската функција со едногодишен мандат.

Парламентот избра и две жени за министри: Виола Амхерд за енергетика и Карин Келер-Зутер, за економија. Во новата Влада има три жени и четворица мажи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Рекордно ниски температури во Швајцарија

Манекенката Кристина Јоксимовиќ ја убил сопругот, телото го мелел во блендер

Горан Наумовски

Јакин го продолжи договорот со Швајцарија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна скеле на зграда висока 60 метри во Швајцарија – тројца мртви, осуммина тешко повредени

(ВИДЕО) Обилните дождови во Швајцарија доведоа до лизгање на земјиштето, осум лица се водат за исчезнати

ВИДЕО: Страшно невреме ја опустоши Швајцарија, тројца исчезнати, села отсечени, автопат затворен

Предраг Петровиќ