Средба на Спасовски со раководителот на Одделот за соработка во делегацијата на ЕУ

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска оствари работна средба со претставници на Делегацијата на Европската унија предводена од страна на Никола Бертолини, раководител на Одделот за соработка, на која било разговарано за досега сработеното во рамките на процесот на програмирање за националната ИПА програма за 2020 година.

Бертолини, се вели во соопштението на МВР, на состанокот информирал дека се утврдени областите кои ќе бидат финансирани во рамките на националната ИПА програма за 2020 година и тоа: подобрување на независноста, отчетноста, транспрентноста на правосудните органи, борба против организираниот криминал и тероризам, спречување на корупција, зајакнување на малцинските и човековите права и поддршка во промовирањето на правото за слобода на изразување, со акцент на областите каде што Министертвото за внатрешни работи ќе биде носител на проектите.

Министерот Спасовски потенцирал дека овие проекти се во согласност со главните приоритети на Министерството за внатрешни работи како што се борбата против организираниот криминал и тероризмот, спречувањето на корупцијата и почитувањето на човековите права. Со имплементацијата на овие проекти се очекува дека капацитетите на Министерството за внатрешни работи дополнително ќе се зајакнат и истите ќе придонесат кон успешно справување со овие предизвици.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он