Османи: Еврејската жртва – безвременски чувар на хуманоста, слободата и солидарноста

Од:

Денеска во просториите на Секретаријатот за европски прашања, а во организација на Македонски пошти, се одржа Промоција на поштенската марка „75 години од депортацијата на евреите во Македонија“, на која поздравни обраќања пред присутните имаа Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, Амбасадорот на државата Израел во Македонија, Дан Ориан, Директорот на АД. „Македонска Пошта”, Ејуп Рустеми и Директорот на Институтот за културно и духовно наследство на Албанците, Скендер Асани.

„Ми претставува вистинска чест што, како предводник на Секретаријатот за европски прашања денес сум домаќин на оваа манифестација со која се одбележува 75 години од холокаустот на Евреите, но и посебно задоволство, лично за мене, како човек кој се залага со промоција на современите европски вредности на слобода, еднаквост и соживот, што ја имам оваа можност да бидам дел од ова одбележување – истакна Османи. Во овој контекст тој додаде дека депортацијата на евреите од Македонија за време на втората светската војна, претставува веројатно еден од најцрните и сигурно еден од најтажните периоди во историјата.

Во продолжение Османи се осврна на предизвиците низ кои поминува Република Македонија во овој период стремјќи се да ја зацементира својата евроатлантска ориентација, при што додаде дека одбележувањето на денешниот ден претставува континуитет на нашата суштинска определба, да бидеме дел од создавањето, од негувањето и промоцијата на вредностите на кои почива западната цивилизација.

„Како политичари, како Влада, но и како земја, како граѓани остануваме целосно посветени на изградбата и зацврстувањето на интегративните предизвици со кои се соочуваме, најпрвин внатре, преку негување, на принципите на соживот, на еднаквост, на правичност, но и надворешно, вложувајќи огромни напори во историското помирување на народите и затворањето на меѓусебните прашања, како основен предуслов за европската интеграција на целиот Балкан”- додаде Османи при што во овој контест нагласи дека токму успехот од овие процеси, успехот во промоцијата на европските вредности, всушност претставува зачувување на смислата на еврејската жртва, како безвременски чувар на хуманоста, солидарноста и слободата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски