„Souvenir de Florence“ – концерт на Гудачки октет со врвни музичари

Од:

„Souvenir de Florence“ е насловот на камерниот концерт кој ќе се одржи оваа сабота (8 декември) во Камерната сала на Македонската филхармонија во 20 часот. Станува збор за концерт на Гудачки октет составен специјално за настапот во Скопје, од музички уметници од Европа и од Македонија, со импресивна кариера зад себе: Лиса Јакобс (Холандија), Хед Јарон Мејерсон (Холандија), Владимир Костов и Мартин Димитров – виолини; Дритон Гаџа и Нора Романоф Шварцберг (САД, Австрија) – виоли; Иван Туркаљ (Германија) и Франческо Мариози (Италија) – виолончела. На програмата ќе бидат изведени делата: „Souvenir de Florence“ оп. 70 од Петар Илич Чајковски и Гудачки октет оп. 20 во Es-dur од Фелиск Менделсон.

Гудачкиот октет е формиран специјално за концертот „Souvenir de Florence“ од страна на истакнатиот македонски виолист Дритон Гаџа, кој годиниве наназад живее и кариерата ја гради во Германија и во Австрија. Станува збор за осуммина музичари од Македонија и од Европа, со зад себе завидна кариера, со настапи во престижни концертни сали, со видни оркестри и диригенти, добитници на бројни меѓународни награди, виртуози на своите инструменти.

Би можело да ве интересира

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

Концерти на воените оркестри од армиите на С. Македонија и на САД за Европа и Африка

Ана Ололовска

Концерт на духовна музика на хрватскиот тенор Стијепо Глеѓ Маркос

Ана Ололовска

Музичка младина на Македонија го почнува циклусот концерти „Слободна среда“

Ана Ололовска

Концерт на „Профундис“ И „13 Гудачи“ заедно со светски познатата Ирина Муресану

Ана Ололовска

Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска