Крис Гурски, турст од Флорида решил за време на неговата посета во Швајцарија да лета со змеј. Меѓутоа не се надеваше дека во таа прилика ќе ја гледа смртта во очи.
Гурски со инстуктур скокнал од планина од 1.200 метри надморска височина, меѓутоа брзо сфатил дека не е добро врзан, по што започнала борба за животот на патникот.
– Тежината веднаш ме повлече на долу и одеднаш висев и се борев за живот. Се сеќавам дека погледнав надоли и си помислив дека тоа е тоа, рече Гурски.
Летот траеше околу 2 минути, а благодарение на вештината на пилотот и малку среќа, Гурски заврши само со скршеница на рачниот зголб и повреда на бицепсот на левата рака, со која што се држеше.
Сепак тоа не го демотивираше Американецот кој најави дека повторно ќе лета, бидејќи не уживал првиот пат.