ЈП Македонски шуми: Нема црни вработувања во Македонски шуми

Од:

Директорот на ЈП Македонски шуми Зоран Ѓорѓиев со писмено соопштение реагира на прес-конфернецијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во ЈП Македонски шуми не постојат никакви црни вработувања. Со целосна одговорност ги демантирам изјавите на ВМРО-ДПМНЕ и изјавата на Наум Стилковски, партија за чие време на владеење се вработуваа луѓе преку “извлекување на лотарија” и социјални случаи кои ги изгубија своите права на социјален надоместок со години чекајќи го работотното место кое им беше ветено. Во ЈП Македонски шуми се вработија стручни и квалификувани лица(шумарски инженери) врз основа на јавен оглас бр. 2/2018, врз основа на член 37. од Законот за Јавни претпријатија и тоа, за првпат откако постои Јавното претпријатие се примија 67 шумарски инженери. Тоа е придонесот на Македонски шуми кон шумарството, наспроти неквалификуваниот и нестручен кадар кој го наследивме од претходното владеење.

ЈП Македонски шуми се бори со наследената партизирана и со неадекватна стручност распределена администрација која потекнува од црните тефтери на некои други личности. ЈП Македонски шуми не работи според никакви списоци, само се труди да ги надомести пропустите и криминалите на претходното владеење со стремеж кон стручно и професионално извршување на работата со ангажман на исклучиво стручни и способни кадри од шумарството“ се вели во реакцијата на ЈП Македонски шуми.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Владата на СДС и ДУИ ги заглави Национални шуми, еден милион евра ненаплатени побарувања, за 800.000 нема никакви податоци

Левица: Неспособната влада повторно ги остави на цедило вработените во ,,Македонски шуми”

По гинеколози на конкурс се бараат и дрвосечачи Албанци, и тоа во Берово

Катерина Ѓуровски

Трипуновски: Граѓаните и оваа година ќе имаат недостаток на огревно дрво

Вработен во „Национални шуми“ со измама и фалсификувани документи заработи над 100.000 евра

Трипуновски: Власта вработила 480 лица во ЈП Македонски шуми, за да се зголеми ефикасноста на претпријатието, а резултатот е под нула