Ставрески: Со измените на проектот „Купи куќа, купи стан“, зголемен интересот за изградба на куќи

Од:

Зголемен интерес од страна на граѓаните и на градежните компании за изградба на куќи и типски населби очекува Владата со измените на проектот „Купи куќа, купи стан“.

Како што истакна на денешната прес-конференција вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, покрај зголемувањето на субвенционирањето од страна на Владата од 50 на 75 проценти во ратата за првите пет години, се овозможува по толку многу години да се реновираат или да се урнат бараките во коишто живеат голем дел од граѓаните во Скопје како што се Карпош, Влае и слично и на нивно место да се изгради куќа.

– Ова побудува голем интерес и во изминативе денови веќе имаме повици, мејлови и слично. Верувам дека на граѓаните ќе им излеземе во пресрет преку овој проект, рече Ставрески.

Третата измена, пак, што е направена на барање на граѓаните – да не се враќаат средствата што ги субвенционираме по 10-тата година ако граѓанинот предвреме реши да го врати кредитот, според Ставрески, исто така ќе го направи поатрактивен овој проект.

– Направивме конкретна програма за тоа колку и каде во наредниот период ќе може да се понудат локации, плацеви и парцели за изградба на индивидуални куќи, но и на помали типски населби каде што приватен инвеститор ќе изгради еден блок или повеќе блокови на куќи и потоа ќе ги продава на граѓаните по цена која што, се разбира, ќе биде пониска отколку ако секој сам гради, појасни Ставрески.

Според него, за можноста за изградба на типски населби, покрај во скопските општини, станало збор и на средби со градоначалници во Прилеп, во Битола и во други општини каде што има урбанизирано парцели за изградба на 200 до 300 куќи, а чија што продажба верува дека ќе биде интензивирана со измените на владиниот проект „Купи куќа, купи стан“.

Според Златко Калеников, претседател на Сојузот на стопански комори, измените на проектот „Купи куќа, купи стан“ се атрактивни и за граѓаните и за градежните компании, а особено интерес се очекува да предизвикаат кај микро, малите и средните претпријатија.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница