Земјите од Г-7 ги повикаа Русија и Украина на воздржаност

Од:

Министрите за надворешни работи на членките на Групата седум индустриски најразвиени земји во светот (Г-7) денеска изразија „огромна загриженост“ поради задржувањето на украинските бродови и морнари од страна на Русија близу Крим и ги повикаа Москва и Киев да покажат воздржаност.

Во соопштението министрите ја повикуваат Русија да ги ослободи украинските морнари и да и ги врати бродовите на Украина, нагласувајќи дека нема оправдување за руската постапка.

Тензиите меѓу Москва и Киев ескалираа во неделата кога руската армија отвори оган врз три украински воени брода, кои се обиделе од Црното Море да влезат во Керченскиот Теснец, по што ги задржа украинските пловила заедно со 24-ца членови на нивните екипажи.

По ова Украина воведе воена состојба во своите погранични реони, обвинувајќи ја Русија дека го зголемува своето воено присутво на меѓусебната граница и побара распоредување бродови на НАТО во Азовското Море.

Во меѓу време, 24-та украински морнари, на кои им беше одредена мерка притвор во траење од два месеци поради „илегален влез на руска територија“, денеска биле префрлени од затвор на Крим во Москва.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Лавров: Западот почнува да сфаќа дека ќе остане само дел од Украина

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Украина денеска го затвори својот парламент од безбедносни причини

Горан Наумовски