Македонија и Грција денеска отворија ново поглавје во воспоставувањето економски и деловен дијалог и за прв пат по многу години, откако еднаш пред четири години беше одложен, денеска се одржа бизнис форум во Атина, што воедно е во рамките на мерките за градење доверба и поддржан од Министерствата за надворешни работи на двете земји.
На форумот што се одржа во канцелариите на грчката трговско- индустриска комора во Атина, учествуваа над 40 бизнис компании од двете земји во организација на Стопанските комори на Македонија и Грција.
Даниела Михајловска – Василевска од Стопанската комора на Македонија, Хилда Колевска, директорката за економска дипломатија во Министерството за надворешни работи на Македонија и Емилија Ѓурова, комерцијален менаџер на фирма од Гевгелија, по завршувањето на форумот на кој компаниите имаа можност да одржат и директни (В2В) средби, велат дека се задоволни од состанокот и разговорите, но и дека ова било одличен почеток за развивање на деловната соработка.
-Нашите ставови се дека ваквиот форум е неминовност и дека ова треба да биде почеток на воспоставување на многу посериозни бизнис релации помѓу двете земји, особено ако се има во предвид фактот дека Грција во првите девет месеци од годинава, покажува дека е на второто место како трговски партнер на Република Македонија, ако се има предвид фактот дека се остварени 748 милиони американски долари за девет месеци и раст од 25 отсто на вкупниот обем на трговска размена меѓу двете земји и е еден од клучните сигнали што покажуваат дека треба да се работи на интензивирање во воспоставувањето на деловни релации помеѓу компаниите од двете земји, вели претставничката на Стопанската комора на Македонија, Даниела Михајловска-Василевска.
Таа додава дека постојат повеќе сегменти што се особено значајни за разививање на соработката на двете земји. Еден од нив е Договорот од Преспа што ќе донесе решение на политичо ниво, кое треба и коморите да го следат и да ја развиваат соработката. Како друг сегмент, Михајловска-Василевска ги споменува и грчите компании, над 100, кои со грчки каппитал веќе работат во Македонија и се веќе препознаени како инвеститори. Но и географската близина, инфраструктурната поврзаност и воспоставените деловни врски помеѓу компаниите од двете земји.
-Ако се земат предвид сите овие работи, сметаме дека треба да се прати порака од овој бизнис форум дека ваквите бизнис форуми треба да бидат континуитет во следниот период и да го поддржат процесот на развивање на меѓусебната деловна соработка, вели Михајловска-Василевска од Стопанската комора.
Објаснува дека компаниите од двете земји во изминатиот период активно работеле на развивање на деловните врски, а потврда за тоа е што Стопанската комора на Македонија со Асоцијацијата на балканските комори и во минатото имаат организирано деловни средби и бизнис форуми како оној во Солун во 2003 година.
-Она што е исто така важно е дека Стопанската комора на Македонија стана партнер на Атинската комора за трговија и индустрија во рамките на БАЛКАН МЕД програмата. Тоа е проект што ќе се рализира во период од 24 месеци и идејата е да се стави акцент на поддршка на капацитетот на малите и средни претпријатија да растат на регионални, национални и меѓународни пазари со вклучување на иновативни компоненти и поддршка на оние брзо растечки компании или препознатливи во светот како „газели”, објаснува претставничката од стопанската комора на Македонија.
Вториот бизнис форум како продолжение на денешниот, планирано е да се одржи во Скопје.
Бизнис форумот резултат на мерките за градење доверба меѓу двете земји
Директорката за економска дипломатија во македонското МНР, Хилда Колевска вели дека, бизнис форумот е една од мерките за градење довеба меѓу Македонија и Грција.
-Самиот факт што се одржа бизнис форумот сметам дека е многу позитивен, покажува дека има зголемена доверба и дека има политичка волја на двете страни за соработка меѓу државите. Позитивно е тоа што се одржа во Атина, бидејќи нашата економска соработка со Грција и од аспект на трговија и од аспект на инвестивции, која што е наш значаен трговски партнер, главно е концентрирана во Северна Грција и ова дава можност да се запознаеме со капацитетот на јужниот дел на Грција, на Атина и да воспоставиме и со тој дел поголема соработка, вели директорката за економска дипломатија од нашето МНР и додава дека соработката треба да се гледа и во поширокиот регион на Балканот.
Во однос на следните планови, Колевска вели дека се планира отворање нови гранични премини, реконструкција на посотоечкит гранични премини “за да се зголеми слободното движење и на бизнисот и на луѓето”. А она што е важно, особено за грчките компании кај нас е потпишувањето на договорот за избегнување на двојно оданочување кое, исто така, е еден од следните планови.
-Следната задача која ја имаме ние како влади е да се да се оформи законската рамка и би требало да се потпишат и двата договор кои се основни за бизнисот, а тоа е договорот за избегнување на двојно оданочување и договорот за заштита на инвестиции, кои поради проблемот со името не беа потпишани. Тие можеби не се пресудни за склучувње на зделки, но во секој случај се охрабрување за да се стапи во контакт и ќе бидат олеснување, објаснува, Хилда Колевска, директорката за економска дипломатија во Министерството за надворешни работи на Македонија.
Бизнис форумот можност за обновување на прекината соработка
На денешниот бизнис форум во Атина учествуваа над 40 компании од двете земји кои одржа и В2В разговри.
-Преку В2В средбите, компаниите се запознаваат и ги воспоставуваат првичните директни контакти, а од овие средби треба да следат следните чекори, а тоа е продолжување на комуникацијата која што треба да резултура со некои конкретни договори, вели Михајловска-Василевска и додава дека тоа ќе се случува во следниот период, а оти тие како комора добиваат повратни информации дали се реализираат бизнис зделките.
Во македонската бизнис делегација беше и Емилија Ѓурова, комерцијален менаџер на “Гепластик” од Гевгелија, фирма што се занимава со производство на пластични гајби за алкохолни и безалкохолни пијалоци и за земјоделски производи, а во Македонија соработуваат со големи брендови.
-Сега дојде моментот за нашата фирма да почне да соработува со компании од странство и затоа учествував на форумот. Успеав да остварам контакти со различни компании кои што се заинтересирани за нашите продукти и за соработка со нашата фирма, вели Ѓурова.
Комерцијалната менаџерка во гевгелиската фирма објаснува дека тие веќе имаат искуство со грчки компании, имле соработка во минатото, но била прекината.
-Се прекина соработката од политички причини, поради проблемите во минатото и затоа сум среќна и задоволна што одново имаме можност да разговараме и да соработуваме со Грција, објаснува Ѓурова и коментира дека форумот бил успешен и додава дека во иднина треба да има уште поголем интерес и од двете земји