Европската Комисија треба денеска да усвои нов нацрт-буџет за ЕУ за 2019 година, откако Парламентот и Советот не успеаја да постигнат компромис за начелниот предлог на извршната власт.
Европската Комисија треба да го презентира својот нов предлог на 3 декември пред буџетската комисија на Европскиот Парламент, по што ќе започне нов преговарачки циклус меѓу трите институции – Комисија, Парламент и Совет.
Трите институции треба да постигнат компромис на време за да може Парламентот да го усвои буџетот на последната пленарна седница за оваа година.
Разликите меѓу ко-одлучувачите не се толку поврзани за износот на буџетот туку се кристализираат пред сѐ околу технички прашања поврзани за еден од членовите на новата финансиска регулатива за употреба на кредити.