Голманот на Манчестер Јунајтед, Давид де Хеа побара зголемување на платата до ниво на најплатениот играч во клубот за да остане на „Олд Трафорд“.
Во моментов најплатен фудбалер на Јунајтед е Алексис Санчез со 350 илјади фунти неделно.
Де Хеа веќе одби една понуда во висина од 275 илјади фунти седмична плата. Покрај зголемување на платата, шпанскиот голман бара и создавање на тим конкурентен во борбата за трофеи.
Останува да се види одговорот на раководството на Манчестер Јунајтед, дали ќе ги прифати барањата на Де Хеа или ќе бара негова замена за следната сезона.
Актуелниот договорот на Шпанецот со Јунајтед е со важност до крајот на сезоната.