Претседателот на САД, Доналд Трамп беше домаќин на традиционалната свеченост за осветлување на божиќната елха во дворот на Белата куќа – обичај што се одржува веќе 96 години.
– Ова е период во годината кога споделуваме радост со нашето семејство и пријателите. Да покажеме солидарност и добра волја кон нашата земја и сите наши заедници и да се заблагодариме за сета благосостојба во нашиот живот, изјави Трамп во обраќањето на свеченоста.
Притоа, тој повика на сплотеност на нацијата, посебно истакнувајќи ги како пример луѓето кои први се пријавуваат за помош при природните непогоди кои се случуваат во земјата.
– Ние сме едно американско семејство. Ние се повредуваме меѓусебно, се исцелуваме и секогаш ги пребродуваме проблемите заедно, истакна Трамп.
За музичката програма на свеченоста беа ангажирани неколку пејачи христијани и оркестар на Американската армија.