Повредени осум лица во 11 сообраќајки вчера во Скопје

Од:

Осум лица се здобиле со лесни телесни повреди во 11 сообраќајни незгоди што се случиле изминатите 24 часа на подрачјето на Скопје. Во пет сообраќајки е причинета материјална штета.

Според билтенот на СВР Скопје, 56 возачи возеле со поголема брзина од дозволената, а од сообраќај се исклучени десет возачи кои биле под дејство на алкохол, седум кои возеле пред да се стекнат со правото за управување со возило и двајца возачи почетници. Од сообраќај се исклучени и шест нерегистрирани.

Сообраќајната полиција издала 76 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 76 возила.

Санкционирани се и тројца возачи кои поминале крстосница на црвено светло, еден возач кој не дал првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, еден за не правилно престројување, четворица за не правилно престигнување и шест возачи за не поседување пропишана зимска опрема во возилата.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски

Ѓорѓиевски: Скопје, за жал, веќе подолг период е претворено во една голема депонија

Во Скопје 474.304 граѓани со право на глас ќе избираат помеѓу 16 кандидати за градоначалник и 19 листи за советници

Ѓорѓиевски: Скопје ќе стане првиот целосно – paper free град во државата, дигитален, модерен и транспарентен