ВИДЕО: Протестен марш на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Со паролите „Оставка, оставка“ и „Христијан, Христијан“, започна протестниот марш на ВМРо-ДПМНЕ од пред централното седиште на партијата. Протестот го предводи лидерот на партијата Христијан Мицкоски, кој со мегафон ги водеше демонстрантите..

Вo живо: Протест на ВМРО – ДПМНЕ

Вo живо: Протест на ВМРО – ДПМНЕ

Posted by A1on.mk on Среда, 28 ноември 2018

Мицкоски рече „Да ги поздравиме луѓето на балконите” по што заедно со поддржувачите извикуваше „Македонија, Македонија“ и „Оставка“.

Во првите редови покрај Мицкоски се и Игор Јанушев, Александар Николоски, Влатко Ѓорчев, Иванка Василевска…

Претседателот на партијата Мицкоски изјави дека со денешниот протест ВМРО-ДПМНЕ ќе прогласи и ќе почне национална, економска, социјална и образовна, сеопфатна и сеопшта револуција против погрешното владеење на Зоран Заев, економското и националното разнебитување. Тој најави дека протестите ќе продолжат не само во главниот град, и во други градови низ Македонија.

Според него, 28 ноември има симболика за ВМРО-ДПМНЕ и за целокупното владеење на Заев.

-Тоа е денот кога беше направен упад во правниот систем на Македонија, кога вицепремиерот и министер за внатрешни Оливер Спасовски по налог на Заев, без да им биде симнат имунитетот на пратениците, со лисици на рацете правеше спектакли во јавноста и прогласи дел од тие луѓе за терористи и насилници. Денеска гледаме дека дел од тие се луѓе кои имале европски карактер. Ги поканувам сите граѓани кои сакаат да им застанат на патот на СДСМ и на Заев во ова национално разнебитување, економско разнебитување и разнебитување по која било основа и погрешно владеење, да ни се придружат, да застанат рамо до рамо со нас, да ја поченеме оваа напа сеопфатна и сеопшат револуција, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Последната фаза од кампањата на ВМРО – Репресија и политички прогон

Политичка прозивка од ВМРО-ДПМНЕ: Нова година по дубајско време

ВМРО-ДПМНЕ: СДС од искуство знаат колку чини златна виза за Дубаи затоа веднаш ги погоди сумата, а да ги потсетиме и кој се веселеше на Харис

СДСМ: Кога веќе следите, зошто не објавите фотографии од Дубаи?

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да објасни како ги стекнал средствата за златна виза во Дубаи

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже од каде 500.000 долари за инвестиции и златна виза во Дубаи

А1он