Парламентарниот пленум на Енергетската заедница денеска ќе одржи состанок во Собранието на Република Македонија.
На состанокот се најавени обраќања на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за економија Крешник Бектеши, по што ќе биде претставен заеднички извештај за јакнење и унапредување на обновливите извори на енергија, изготвен од Енергетската заедница.
Предвидена е и дебата за извештајот, претставување на закони за обновливи извори на енергија и на Деловникот на Парламентарниот пленум на ЕЗ.
Според најавата, завршните забелешки ќе ги презентира директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница, Јанез Копач.