Боксерот Хибиб Нурмагомедов изјави дека потенцијалниот негов меч против непобедливиот Флојд Мејведер ќе биде двојно поинтересен, отколку реванш со Конор Мекгрегор.
– Нашиот меч ќе биде двојно поинтересен. Двајца непоразени борци, тоа ќе биде интересно да се види кој ќе падне или ќе направи чекор назад, изјави Хибиб на прес-конференција во Москва.
Средбата со медиумите беше посветена на неговата автобиографска книга.
Во август 2017 година, Мејведер се врати од пензија за да се бори со Мекгрегор и се чини дека може да го стори истото и за Хабиб.
Нурмагомедов претпочита дуел со Мејведер отколку со кој било друг во УФЦ, вклучувајќи го и Тони Фергусон.
– Од финансиска и спортска гледна точка, мислам дека борба со Мејведер би била многу поинтересна. Комисијата ќе мора да заврши (со истрагата за инцидентите од мечот со Мекгрегор) и потоа ќе разговараме, додаде Дагестанецот.