Мик Шумахер ќе вози во Формула 2 во 2019 година

Од:

Синот на легендата и седумкратниот шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, Мик Шумахер следната сезона ќе вози во Формула 2, продолжувајќи го партнерството со тимот „Према“.

Деветнаесетгодишниот Мик оствари осум победи во сезоната 2018 – двојно повеќе од најблискиот конкурент во автомобилските серии – Дан Тиктам.

Мик беше меѓу гледачите за време на последната трка во Ф2 во Абу Даби за време на викендот, а од четврток до сабота ќе го тестира автомобилот на „Према“ на „Јас Марина“.

– Мислам дека ова е логичен чекор на мојот пат, бидејќи сакам да продолжам да го подобрувам моето техничко искуство и моите пилотски вештини, рече Мик.

Токму од „Према“ во Формула 1 влегоа двајца од најголемите таленти во шампионатот во моментов – Пјер Гасли, кој догодина ќе вози за Ред Бул, и Шарл Леклер, кој следната сезона ќе биде колега на Себастијан Фетел во Ферари. Овие двајца пилоти беа шампиони со „Према“ во ГП2 и Формула 2.

Оваа година, сепак тимот заврши само на петтото место кај конструкторите, а најуспешниот пилот – Ник де Врис ја заврши сезоната четврти. Неговиот тимски колега, Шон Гелел, кој беше тест-возач за Торо Росо, беше само 15-ти во вкупниот пласман.

Гелел веќе ја изрази својата желба да продолжи со соработката со тимот следната година и веројатно тоа ќе стане реалност, додека Де Врис ќе се пресели во нов тим од Формула 2.

Би можело да ве интересира

Лекар ја откри главната причина за влошената состојба на Михаел Шумахер

Ана Ололовска

Тод: Го видов Шумахер, се надевам дека целиот свет ќе може да го стори истото

Ландов

ВИДЕО: Во судир загина возачот на Ф2, Хуберт

Ана Ололовска

Семејство Шумахер: Можете да бидете сигурни дека Михаел е во најдобрите раце

Наум Локоски

„Дејли мејл“: Шумахер не е веќе „врзан“ за кревет

Наум Локоски

Менаџерката на Шумахер: Здравјето на Михаел е семејна тајна

Наум Локоски