А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Владата на Република Македонија денеска ќе ја одржи својата 105-та седница

by А1он27/11/2018 - 11:0087
Share0

Не денешната, 105-та, редовна, седница Владата на РМ ќе ја разгледа информација во врска со одржување на Шеснаесеттиот состанок на Министерскиот совет на Енергетската заедница на 29-ти ноември 2018 година во Скопје, како и информацијата за иницијативата Република Македонија да биде земја домаќин на вториот „Светски конгрес на претприемачи“ во 2019 година.

Следете a1on на Instagram Instagram

Министерството за одбрана на денешната седница ќе ја презентира информацијата за преземените мерки за натамошниот развој и промоција на „Криволак“ како меѓународен полигон за обука и извежбување.

Министрите во Владата на РМ денеска ќе бидат запознаени и со информацијата за Програма за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми за 2018 година, а Министерството за образование и наука ќе информира за отпочнување на постапката за формирање на Национален совет за високо образование и научно-истражувачка дејност.

На денешната седница на Владата на РМ ќе се најде и и информацијата за проширување на мрежата на детски градинки и центри за ран детски развој во Република Македонија.

Следете a1on на Youtube YouTube

На предлог на Собранието на РМ, министрите во владата денеска ќе донесат мислење за финансискиот план на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија за 2019 година, како за финансискиот план на Јавно радиодифузно претпријатие Македонска радио телевизија за идната година.

На денешната 105-та седница, која се очекува да започне во 12:00 часот, ќе се најдат и повеќе други точки од надлежност на Владата на РМ, како и од програмата за работа, во интерес на граѓаните.

vlada

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

Горан Наумовски21/06/2026 - 10:43

(ВИДЕО) До 1 јули новиот владин состав пред пратениците, најави Мицкоски

Горан Наумовски20/06/2026 - 12:14

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад

Горан Наумовски20/06/2026 - 09:23

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски17/06/2026 - 09:2717/06/2026 - 10:00

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија

Горан Наумовски15/06/2026 - 15:0015/06/2026 - 15:01

Левица: Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните

Горан Наумовски11/06/2026 - 10:56
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто