Група демонстранти синоќа се собраа пред руската амбасада во Киев и побараа прогласување на воена состојба по инцидентот во Азовското Море и теснецот Керч.
За време на протестите запален беше еден автомобил во сопственост на амбасадата, пренесе Би-Би-Си.
Протестот започнал синоќа по 23 часот, а демонстрантите палеле автомобилски гуми и извикувале „Смрт за Русија“.
Спроед информациите на украинските медиуми, фрлени биле и неколку димни бомби.