12-годиншна Аргентинка стана мајка на два сина. Девојката чиј идентитет не го откриваат, ги родила близнаците со царски рез, еден месец по прославата на својот 12-ти роденден.
Веста за породувањето се појави еден ден откако беше објавено дека 9-годишна девојка родила ќерка во Мексико, на 27-ми јануари, истиот ден кога близнаците беа родени во Аргентина.
Една наставничка од училиштето каде што учело девојчето била првата која забележала дека нешто се случува и ја известила мајката на Аргентинката за своите сомневања.
Од полициската станица во Чилесито велат дека овој случај се третира како сексуално злоупотреба на деца и веќе испрашале две момчиња на возраст од 16 и 20 години.