Полицијата во албанскиот приморски град Валона, заплени 400 килограми марихуана од домашно производство, како што јави дописникот на МИА.
– Дрогата беше откриена во пештерата „Хаџи Алиу“ кај островот Карабурум. Таа била спакувана во десет големи вреќи и подготвена за транспорт во Италија со моторен чамец, стои во соопштението на полицијата.
Албанските медиуми нагласуваат дека освен кон Италија и Грвица, каде во досегашниот период главно се шверуваше албанската марихуана, сега шверцерски канали се разработени и кон Македонија и Црна Гора.
Само во изминатите четириесеттина дена, полициите на соседните земји на Албанија запленија над четири тони албанска марихуна.