Објавени конкурсите за поезија и плакат во рамки на 8-то издание на „100 Илјади поети за промена“

Од:

Манифестацијата „100 илјади поети за промена“ во соработка со здружението „Контекст – Струмица“ги распиша двата официјални конкурси за поезија и изработка на постер/плакат за годинашното осмо издание на фестивалот.

Поезијата со која може да конкурираат автори од сите генерации треба да биде социјално ангажирана и на теми кои се поврзани со промените – глобално и локално. Секој автор може да учествува со по една песна.

Покрај конкурсот за поезија, манифестацијата „100 илјади поети за промена“распиша и конкурс за дизајнерско решение на постери/плакати кои ќе бидат дел од групна изложба во рамки на фестивалот. Тематски тие може да бидат насочени кон глобалните промени, литературата, одржливиот развој, мирот…

Авторите треба да ги праќаат песните и дизајнерските решенија на Фејсбук-страницата на оваа манифестација или на електронската адреса:  [email protected]  најдоцна до 02 декември 2018.

Пристигнатите дела ќе ги разгледуваат комисии, манифестацијата „Сто илјади поети за промена“ е меѓународна и оваа година опфати повеќе од 500 настани во над 100 земји во светот.

Би можело да ве интересира

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

Промоција на стихозбирката „Бог на ба/к/терии“ од Митко Гогов

Книжевна вечер за Шопов во Друштвото на словенечките писатели pо повод објавувањето на двојазичниот избор „Златен круг на времето“

Двојазичниот избор „Златен круг на времето“ од Ацо Шопов промовиран во Љубљана

Поетски портрет на лауреатот на СВП Жан Пјер Симеон во црквата „Света Софија“ во Охрид

Жан-Пјер Симеон: Поезијата е начин на живот, насушна потреба да се каже не за вредностите што ни се натиснуваат и го уредуваат светот