ВИДЕО: Опозицијата бара повеќе пари за комисијата за надзор на Пи-мерките

Од:

Претседателот на собраниската комисија за надзор на примената на посебната истражна мерка од МВР, Финансовата полиција, Царинската управа и и министертвото за одбрана, Емил Димитриев, побара повеќе пари за успешна работа на ова работно тело.

Тој на денешната промоција на публикацијата „Насоки за надзор на разузнавањето“, рече дека има можност комисијата да ангажира двајца експерти за да се зголеми квалитетот на надзорот над инститиуциите, но и за да се зголеми довербата на граѓаните во безбедносниот систем.

„Членовите на комисијата немаат доволно стручност за квалитетен надзор. Согласно новиот закон може да се ангажираат двајца експерти и мојата намера е во иднина токму тоа. Во зависност од одобрениот буџет екпертите може да се ангажираат ад хок времено или постојано“, рече Димитриев.

Тој се пожали дека кога ја презел работата со комисијата, наследил само два листа и целата работа претходно се сведувала само на пиење кафе. Димитриев додаде и дека мора да се инвестира во систем независно од тоа која партија е во опозиција, а која е на власт, заради идните генерации, и дека е потребна соработка на страна од политиката, што се потврдило преку носењето на новите реформски закони и соработката со новоформиранта ОТА.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он