Повеќе делови од Скопје без струја

Од:

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека во текот на денот поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без електрична енергија ќе останат повеќе делови од Скопје.

Од 8.30 до 11.30 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците од ресторанот „Александар“ и околните куќи, улицата Радишанска, маркетите „Рептил“, КАМ и ГИГО во општина Бутел, а корисниците од дел од село Горно Оризари, исто така во општина Бутел, без струја ќе бидат во периодот од 9 до 11 часот.

Понатаму, од ЕВН инфомираат дека од 9 до 13 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од село Долно Количани, селата Горно Количани, Пагаруша и Вртекица, објекти на МВР и АРМ на Солунска Глава, Драчевица, Цветово, населбите Мала Река, Равни Габер, Црвена Вода, Китка, Палиград, Алдинци, Караџица, и дел од корисниците од улицата Московска кај пазарчето во општина Студеничани и Карпош.

Во Студеничани, без струја во периодот од 10 до 15,30 часот ќе бидат и корисниците од дел од улицата Љуботенски Пат, улицата Радишанска бр. 30 и околните подулички.

Во општина Шуто Оризари, пак, струја ќе нема во периодот од 9 до 14 часот, а без струја ќе останат корисниците од улицата Морава, дел од улицата Гвадалахара, Гарсија Лорка, Брсјачка буна и Антони Дворжак.

Од 9 до 9.30 часот, без струја ќе бидат и корисниците од дел од селото Горно Оризари, дел од селата Мирковци, Бразда, Глуво, Чардак, Голиево и каменоломот „ГП Гранит“ во општина Бутел и Чучер Сандево. Во Чучер Сандево струја во периодот од 10 до 10.30 часот ќе немаат ниту корисниците од дел од селото Мирковци, Кучевиште, Побожје, дел од селата Љубанци, Бродец, Малино Маало, Танушевци, Брест и Кодра Фура, а од 11 до 11.30 часот во истата општина, без струја ќе останат и корисниците од дел селото Сандево, манастирот „Св. Илија“, караулата „Рамно“, дел од селото Мирковци, Бањани, Горњани и Чучер Сандево.

Би можело да ве интересира

Во дел од штипските населби проблеми со снабдувањето со струјата

АД ЕСМ: Набавуваме електрична енергија поради нискиот хидропотенцијал

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

Мицкоски: Не очекувам да има турбуленции и позначителни потреси на пазарот со електрична енергија во земјава

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

РЕС нуди до 40 отсто пониски цени на струја од моменталните на пазарот

Горан Наумовски