Капитенот на српскиот кошаркарски тим, Милош Теодосиќ објави дека ќе ги напушти Лос Анџелес Клиперс до крајот на сезоната и ќе се врати во Европа.
Теодосиќ има мала минутажа кај тренерот Док Риверс оваа сезона, не влегува често во игра, па затоа размислува да се врати на Стариот континент во последната година од договорот.
– Мислам дека дефинитивно нема да останам овде. Дојдов, видов како изгледа … Повеќе уживам да играм во Европа, па сигурно ќе се вратам. Дали оваа сезона или на крајот, ќе видиме, изјави Србинот за „Гласот на Америка“.
Како што истакна, следната година е многу важна, бидејќи на програмата е Светското првенство во Кина и веќе вели дека ќе му биде на располагање на селекторот Александар Ѓорѓевиќ.
– Верувам дека момците кои ќе му бидат достапни на селекторот ќе се изборат за пласман на Светското првенство, заклучи тој.