Се подготвуваат скопските пајтони

Од:

Главниот град на Македонија ќе може да ужива во благодетите на 19-от век.

ЈП „Паркови и зеленило“ распиша тендер за храна и ветеринари за двата липицанери што ќе го влечат новиот градски пајтон, а се бара и опрема за кочијашите.

Тие ќе бидат две лица вработени во јавното претпријатие обучени од унгарски кочијаш, но сеуште не е познато како ќе бидат облечени.

Коњите веќе се купени и треба да стигнат набрзо, а кочијата ќе биде рачно изработена со подвижен црн покрив, водоотпорна кожа, фенери, дрвени врати и со капацитет за шест луѓе. Таа беше купена на тендер на кој најповолна понуда даде „Технометал Вардар“.

За коњите, македонската власт на своите грчки верни добавувачи им исплати 27 илјади евра.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош