Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис соопшти дека заедничките воени вежби на САД и Јужна Кореја предвидени за пролетта 2019 година, ќе бидат со намален обем.
– Маневрите „Фоул игл“ ќе бидат реорганизирани со цел да не и наштетат на дипломатијата, изјави Матис.
Тој не соопшти детали за намалувањето на обемот на вежбите, туку нагласи дека целта на вакавата одлука е да даде поттик на преговорите за севернокорејската нуклеарна програма, кои се во застој.
Властите во Пјонгајнг категорично се противат на одрживањето зеднички воени вежби меѓу САД и Јужна Кореја и секое нивно спроведување предизвикува тензии на Корејскиот Полуостров.
Вашингтон и Сеул секоја пролет органзираат заеднички воени вежби во кои учествуваат припадници на Копнените сили, Военото воздухопловство и Морнарицата.