Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис синоќа соопшти дека добил овластување од Белата куќа да ја употреби армијата за заштита на царинскиот и граничниот персонал на границата на САД со Мексико, доколку тоа биде потребно.
Тој нагласи дека ваквото овластвање би значело оти под одредени околности армијата би била искористена за времено задржување на мигрантите на границата.
– Тековно ќе ве информирам за секоја нова мисија или бројот на испратени војници на границата, рече Матис.
Во моментов на американско-мексиканската граница се распоредени 5.800 припадници на Вооружените сили на САД. чија задача првенствено е да поставуват жичени огради и други бариери долж граничната линија и да ги превезуваат граничарите.