Пробациската служба значаен фактор за реинтеграција на сторителите на кривични дела

Од:

Пробациската служба во голема мера ќе помогне во реинтеграцијата и рехабилитацијата на сторителите на кривични дела, ќе помогне да се намали повторното извршување кривични дела, a со јакнење на свесноста на заедницата, ќе се овозможи полесна интеграција на овие лица во општеството.

Ова беше истакнато денеска на одбележувањето на почетокот на ИПА 2014 Твининг проектот „Јакнење на казнено-поправниот систем и пробациската служба“.

– Европската конвенција за човекови права е наведено дека никој не смее да биде предмет на тортура, на нечовечки и понижувачки третман или казна. Едниот аспект подразбира хуман третман на осудените лица, и обезбедување достоинствени услови во казнено-поправните установи, со соодветни капацитети за личен развој на осудените лица, рече министерката за правда Рената Дескоска во обраќањето по повод почетокот на проектот.

Истакна дека затворите првенствено треба да бидат установи за корекција на однесувањето на лицата кои сториле кривично дело, не репресивен механизам за лишување од слобода.

– Токму затоа вториот позначаен аспект е ресоцијализација на осудените лица и дава одговор на прашањето што ние како општество ќе сториме за да го корегираме однесувањето, соодветно да вложиме во овие лица кои утре повторно ќе се вратат во општеството, рече Дескоска.

Посочи дека како што е наведено во препораките од Советот на Европа кои се однесуваат на пренатрупаноста на затворите, лишувањето од слобода како санкција треба да биде последна мерка која се изрекува.

– Една од карактеристиките во досегашниот период кон досегашната проблематика е континуираната доминација на казната затвор како најчесто изрекувана казна од страна на судовите. Ова отстранување од заедницата и од семејството, во одредени случаи можеби претставува најлесна опција и ја пропушта можноста да се принуди сторителот да работи на причините зошто лицето извршило одредено кривично дело, на еден структуриан и строг начин, притоа останувајќи во рамките на заедницата и семејството, рече министерката.

Истакна дека воведувањето на пробациската служба во голема мера ќе помогне во реинтеграцијата и рехабилитацијата на сторителите, намалување на повторното извршување кривични дела, и ќе помогне да се намали затворската популација.

Алтернативните санкции, додаде министерката за правда, обезбедуваат ефикасни методи за управување на сторителите во рамки на заедницата, и тоа за оние сторители за кои не е неопходна затворска казна како и за оние за кои условната осуда како казна сама по себе не е доволна.

Директорот на Управата за извршување санкции Јовица Стојановиќ, рече дека проектот се реализира со поддршка на Европската комисија и твининг партнерите од ЕУ – германската и холандската Влада.

– Две компонменти се опфатени со проектот – едната се однесува на развојот со управување со објектите и установите во Македонија и втората компонента која е многу побитна за нас е дека сме особено горди да ја воспоставиме пробациската служба на целата територија на Македонија, рече Стојановиќ.

Штефан вон дер Бек, државен секретар во Министерството за правда на федералната држава Долна Саксонија, Сојузна Република Германија, рече дека треба да се има мултидисциплинарен пристап во овој дел на правосудниот систем.

– Верувам дека успешна реинтеграција на овие лица во општеството налага извонредна соработка, меѓу казнено поправниот систем и пробациската служба. Тој систем треба да биде добро воспоставен со цел да се подготват нашите идни соседи за живот по излегување од затвор, рече Вон дер Бек.

Рече дека е задолжен за правосудниот систем и за пробациската служба во Долна Саксонија, која има осум милиони житеи и оти таму има 5.000 затвореници, и околу 20.000 лица кои во моментот се во пробација, односно под надѕор на пробациската служба, но живеат на слобода.

– Вашата земја има модерно европско кривично право, кое овозможува алтернативни санкции, условно казнување, но за жал се уште имплементацијата е она што се уште доцни. И затоа се надевам дека овој твининг проект ќе биде важен елемент и иницирање на развојот и имплементацијата на најдобрите практики од ЕУ во оваа насока, рече германскиот државен секретар во Министерството за правда на Долна Саксонија.

Проектот „Јакнење на казнено-поправниот систем и пробациската служба“ е на Управата за извршување на санкциите, во соработка со Фондацијата за меѓународна правна соработка од Германија и Центарот за меѓународна правна соработка од Холандија.

Би можело да ве интересира

Претседателот може да помилува само осудени, не и кривично гонети: Предлог законот за помилување во Собрание

A1on

Лога: Очекувам брза екстрадиција, списите денеска ќе ги пратиме по електронска пошта и преку амбасадата

Александар Тодески

Обвинителството реагира до Лога: Дел од забелешките за Извештајот се неточни, Јовески е спремен да одговори согласно закон

Александар Тодески

Министерство за правда: Законот за амнестија нема да се носи со европско знаменце

Горан Наумовски

Министерството за правда ќе врши надзор над системот за електронска распределба на предметите во јавните обвинителства

Нова амнестија: На слобода сите осудени на затвор до шест месеци, ВМРО ќе го блокира Законот

A1on