Кинеските власти ќе ги ограничат клубовите во трошење на средствата за следната сезона. Според „Ксинхуа“, плафонот за плата за следната година ќе биде воведен во клубови, но неговата вредност се уште не е објавена.
Исто така, ќе бидат строго регулирани трошоците за купување фудбалери и плаќање бонуси за нив.
Претходно, беше наметнат данок за потпишување на странци во вредност од повеќе од шест милиони евра.
Се проценува дека овие мерки што ги воведе Кина, значително да ги намалат трансферите на, пред се, европските фудбалски ѕвезди кои во последно време за своја фудбалска дестинација ја одбираа оваа азиска земја.