Заев-Самуелсен: Данска ги поддржува перспективите на Македонија во ЕУ и НАТО

Од:

Јасна определеност на Владата кон реформите во важните области за интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО и за квалитетот на живот на граѓаните во земјава, изразил премиерот Зоран Заев, денеска на средбата со Андрес Самуелсен, министер за надворешни работи на Кралството Данска.

Како што соопштуваат од владината прес-служба, премиерот Заев посебно ги објаснил реформите што се прават во делот на правосудството и владеењето на правото, борбата против криминалот и корупцијата, професионалните безбедносни служби, медиумите, ефикасната јавна администрација.

-Фокусирани сме на изградба независни институции во држава. Посебно сме насочени кон обезбедувањето владеење на правото. Реформите ги правиме низ инклузивен процес. Свесни сме дека политичката стабилизација на државата и евро-атлантските интеграции значат и економски развој на државата и во таа насока ги преземаме сите чекори. Градиме добрососедски односи, што го покажуваат договорите со Бугарија и со Грција. Заокружувањето на уставните измени ќе го отвори патот на Македонија кон ЕУ и НАТО и очекуваме тоа да се случи, бидејќи огромното мнозинство граѓани во Република Македонија очекува евро-атлантска иднина на нашата држава, рекол премиерот Заев.

Самуелсен, пак, се посочува, истакнал дека Македонија е добредојдена во НАТО, како и дека Данска ги поддржува и перспективите на Македонија за членство во Европската унија.

-Данскиот министер Самуелсен изрази надеж за успешни реформи во рамки на техничка подготовка за почеток на преговорите, во делот на владеењето на правото, како и резултати од законите што се носат во Парламентот. Исто така, ги поздрави добрососедските односи на Македонија и Договорот со Грција, како дел од интеграциските процеси на нашата земја и како добар пример на решавање билатерални прашања, се наведува во соопштението.

На средбата се разговарало за актуелни политички прашања во земјава и во регионот. Потенцирано било дека добрите односи меѓу државите се важен предуслов за развој на земјите на Балканот и на регионот во целина, како и дека е важно билатералните прашања да се затворат низ принципот на регионална стабилност и безбедност.

-На состанокот, данскиот министер, Самуелсен, ја поздрави улогата на Македонија во бегалската криза. Премиерот Заев се заблагодари за принципиелната и мотивирачка поддршка од Кралството Данска на демократските процеси во Република Македонија, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка

Нови лица во Владата и партијата – Мицкоски најави серија кадровски потези

Владата бара разрешување на државниот обвинител Коцевски

Горан Наумовски

СДСМ: Нема бегање Томовски, фактите се јасни, потврдени со документи и јавно објавени

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски започна реконструкцијата на Владата, вчера зборуваше повторно за избори

Горан Наумовски

Бекам Сали и Мухамед Хоџа нови министри, Муртезани ја напушта владата

Горан Наумовски