На тетовско-гостиварското подрачје лани одземени 926 стебла „канабис сатива“

Од:

На тетовско-гостиварското подрачје минатата година се одземени 7.343 грама марихуана, 2 грама хашиш, исто толку кокаин, 926 стебла „канабис сатива“, 10 шишиња „метадон“ и 60 ампули „дијазепам“ и тоа од вкупно 64 лица против кои се поднесени 43 кривични пријави.

Како што информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски, во прекршочна постапка во овој период биле одземени 5 грама марихуана и 8 шишиња „метадон“.

Во текот на 2012 година полицијата забележала вкупно 49 кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотички дроги“. Покрај ова регистрирани се и 7 кривични дела „овозможување и употреба на наркотички дроги, психотропни супстанци и прекурсори. Полицијата изготвила 19 барања за поведување прекршочна постапка.

Според Јосифовски, во претходната 2011-та година бројот на ваквиот вид кривични дела изнесувал 62 и во нив биле вклучени 77 лица, а од страна на полицијата биле поднесени 53 кривични пријави.

Би можело да ве интересира

Полиција упадна во стан на дилери, тие дрогата ја фрлија низ прозорец

А1он

Во Солун сузбиена меѓународна криминална група, уапсени македонски и косовски државјанин

Предраг Петровиќ

Откриена е криминална група за трговија со дрога, запленети околу 300 килограми марихуана

Запленети се 21 тон дрога со висок квалитет

Инцидент на „Блаце“: Косовски државјанин оттурна цариник, фрлаше oружје за да се спаси

Горан Наумовски

Полицијата во Сараево заплени дрога и оружје – осомничениот побегна

А1он