Признание за најдобар актер на фестивал во Србија за кавадарчанецот Диме Коцевски

Од:

Признание за најдобар актер на 11. фестивал „Репасаж“ во српскиот град Уб доби кавадарчанецот Диме Коцевски за улога во претставата „Пасивно пушење“ на театарот од Кавадарци.

Признанието го доби за улогата на Атанас, типичен балканец, растргнат помеѓу монотонијата на секојдневието и домашните проблеми, кој ќе заглави на парискиот „Шарл де Гол“, поради грешка на „безгрешниот” европски систем за тероризам.

– Беше ова прекрасно искуство. Секоја награда си има своја тежина и си носи и свои одговорности. Тоа не е само моја заслуга. Тоа е заслуга на добро избраниот текст на Небојша Ромчевиќ, режијата на Јордан Витанов, моите колеги на сцена и целата екипа од Домот на културата. Наградата не е само моја, би рекол таа е наша, рече Коцевски.

Претставата беше одиграна на македонски јазик, но тоа не било проблем за публиката.

-Тоа беше и единствениот страв, дека може таа јазична бариера да направи проблем. Но реакцијата на публиката, разговорот на тркалезната маса со самото жири, ни покажаа дека таа јазична бариера и не е толку голема, нагласи актерот.

На фестивалот учествуваа театри од сите поранешни југословенски републики.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“