САД се придружија кон санкциите против либискиот бунтовнички лидер Салах Бади, кои во петокот ги објави Комитетот за санкции кон Либија на Советот за безбедност во Обединети Нации, објави денеска американскиот Стејт департмент.
Бади е санкциониран во согласност со списокот на ОН координиран од САД, Велика Британија и Франција, како и Канцеларијата за контрола на странски капитал при американското Министерство финансии. Следува замрзнување на неговиот капитал, што се наоѓа на територијата на САД
Либија е управувана од Влада признаена од ОН. Бунтовници предводени од Салах Бади, поранешен член на либискиот Парламент, во август започнаа воена кампања против владините сили во Триполи.
Владата тогаш прогласи вонредна состојба бидејќи во престолнината со денови се водеа жестоки борби помеѓу ривалските групи.
– Бади игра критична улога во поткопување на мирот и безбедноста на Либија уште од 2014 година, а силите кои тој ги предводи употребуваа ракети од типт „Град“ во густо населени делови на Триполи, предизвикувајќи голема материјална штета и невини жртви, вклучувајќи и жртви од спасувачите и медицински работници, се наведува во соопштението на Стејт департментот.
Исто така се наведува дека САД и меѓународната заедница со ова покажуваат дека ќе преземаат решителни акции против сите оние кои го поткопуваат мирот, безбедноста и стабилноста на Либија.