Османи-Дедај: Ќе продолжиме со унапредување на односите помеѓу Македонија и Косово

Од:

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, оствари средба со новоименуваниот Амбасадор на Република Косово во земјава, Ѓерѓ Дедај. Османи најпрвин упати честитки до Амбасадорот за именувањето на оваа функција, и изрази надеж дека досегашната исклучително успешната соработка меѓу двете земји ќе продолжи и во текот на неговиот мандат.

„Имаме бројни заеднички проекти кои се реализираат, како што е граничниот премин ‘Белановце Станчиќ’, но и бројни други проекти од програмата за меѓугранична соработка кои се во тек или чекаат на реализација, за чии успех верувам дека ќе заеднички ќе се посветиме“ истакна Османи.

На средбата беа отворени и темите за напредокот на двете земји во рамките на европските интеграции, како и за севкупниот напредок на регионот од аспект на европските перспективи.

„Собранието го даде првото зелено светло за уставните измени согласно договорот од Преспа,со што не само што се отвори патот за имплементација на обврските од Договорот, туку се создадоа услови и за забрзување на реформскиот процес на земјата”, истакна Османи, посочувајќи го успехот на Договорот од Преспа, но и претходно, Договорот за добрососедство со Бугарија, како поттик и за останатите земји од регионот, да вложат повеќе напори и повеќе храброст во надминување на меѓусебните спорови, како заеднички интерес на целиот регион.

Во продолжение двајцата соговорници изразија се согласија дека ќе продолжат да работат посветено во насока на унапредувањето на односите меѓу двете земји, како меѓусебно да се поддржуваат во европските евроатлантските интеграции.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски