МАНУ: Државен интерес е демократски и толерантен дијалог

Од:

Македонската академија на науките и уметностите бара  итно разрешување на политичката криза преку воспоставување квалитетен дијалог меѓу политичките субјекти одговорни за состојбата во земјата. Кризата смета МАНУ , ги загрозува виталните интереси на македонското оштество.

„МАНУ изразува крајна загриженост поради создадената состојба на  политичка  криза, која ги загрозува виталните интереси на македонското општество и објективно го попречува напредокот на неговота евро-атланска интеграција. Смета дека постоењето демократски и  толерантен дијалог врз начелата на владеење на правото е највисок државен интерес што сите учесници во политичките процеси и одлучување се должни да го почитуваат“, се вели во соопштението од МАНУ, по денешната седница на Претседателството на Академијата.

Потребен е, велат академиците, неодложен излез од постојната политичка ситуација во земјата, заради општото добро е брзото воспоставување на дијалог помеѓу политичките субјекти одговорни за состојбите во земјата.

„ Само низ толерантен дијалог, издигнувајќи се над сопствените партиски позиции, може да се постигне договор за надминување и на најсложените внатрешни проблеми и да се унапредува демократската основа и функционалноста на институциите, како и одговорноста за управувањето со општествените работи“, стои во соопштението на МАНУ.

Би можело да ве интересира

МАНУ: Во Македонија постои само една национална академија

ВРЕДИ почна да го реализира планот за албанска Академија, ќе ја финансираат општините со нивни градоначалници

Катерина Ѓуровски

Штрајкуваат вработените во МАНУ, бараат повисоки плати

Горан Наумовски

Влен: Академијата за науки и уметности на Албанците не треба да се гледа како контраст или паралелизам на МАНУ

Муртезани: Не можам да тврдам, но има перцепција дека во МАНУ нема пристат за други етнички заедници

Претседателство на МАНУ: Академијата е отворена за сите што ги исполнуваат критериумите, да не се вовлекува во дневнополитички расправи