СДСМ: Денешните лаги изнесени од ВМРО-ДПМНЕ се веќе демантирани, а еден медиум којшто ги објави веќе се извини

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Лажните вести и измислените случаи на антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ нема да ја прикријат спрегата помеѓу Никола Груевски и негиот пион Христијан Мицкоски.

Наместо да измислува непостоечки случаи, антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ да објасни како Мицкоки од Владат на Груевски кадешто бил советник добил согласност за користење води и закуп на земјиште да гради хидроцентрали.

Денешните лаги изнесени од ВМРО-ДПМНЕ се веќе демантирани, а еден медиум којшто ги објави веќе се извини за изнесените невистини.

Како што соопшти споменатата компанија, нема земено ниту еден денар од УЈП, по основ на каков било долг од „Фени“. Истовремено, според компнаијата, никогаш нема реализација на споменуваниот долг и не била никогаш ставена во редот на доверители во предстечајната постапка на „Фени“.

Начинот на уредување на односите во процесот на стечај на „Фени“ и неговите доверители се дел од постапка кадешто вицепремиерот Анѓушев нема никакви ингеренции и истата се спроведува согласно Законот за стечај.

Компанијата „Фени’ која поради криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ беше пред пропаст денес работи и функционира нормално.

ВМРО-ДПМНЕ не може да излезе од матрицата на лажни вести и одбрана на криминалот на Груевски во која се заглавени“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: ЕУ отвора врата за проширувањето, не смееме да ја пропуштиме оваа шанса

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет

ВИДЕО: СДСМ се повлече од Комисијата за финасирање, ќе поднесе кривична за Гаши

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: Краците на Орбан и Вучиќ коишто водат до Мицкоски ќе се демонтираат

(ВИДЕО) Кузмановска: ВМРО удри и по студентите, се намалуваат стипендиите, поскапува сместувањето во студентските домови

СДСМ: Владата бега од европските стандарди и реформите

Горан Наумовски