Девет сообраќајки вчера во Скопје, повредени седум лица

Од:

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно девет сообраќајни незгоди од кои пет со телесни повреди и четири со материјална штета. Во сообраќајните незгоди седум лица се здобиле со телесни повреди.

Од преземените мерки и активности констатирано е дека 29 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени девет возачи од кои: тројца возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, пет возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден возач затоа што бил возач-почетник. Исто така исклучени од сообраќај се и три возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се четири возачи поради поминување на крстосница на црвено светло и четворица поради неправилно престројување. Во текот на изминатиот ден издадени се 135 мандатни платни налози и 65 возила се подигнати со специјално возило “пајак”.

Би можело да ве интересира

Шукова ја објави својата кандидатура за градоначалничка на Скопје

Пожар во центарот на Скопје, седум лица побарале медицинска помош

Земјотрес во Косово, почувствуван во Скопје

„Водовод“: Можни се појави на намален притисок и прекини на водоснабдувањето во одредени делови на Скопје

48-годишен маж пронајден мртов во стан во Скопје

Пет пожари се активни на територијата на Град Скопје