Едукативна игра на НБРМ за финансиска писменост кај младите

Од:

Народната банка на Република Македонија ја објави првата едукативна игра за финансиско едуцирање на младата популација насловена „Заработете и штедете“, којашто е достапна за слободно преземање од интернет-страницата на НБРМ, како виндоус и андроид-апликација.

Автор на играта е Маријан Зиновски, студент на Факултетот за информатички и комуникациски технологии при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, а играта е избрана на конкурс за изработка на едукативна игра којашто НБРМ го распиша во февруари годинава. Целта е преку забава да се зголеми интересот кај младата популација за штедењето и финансиите.

– НБРМ верува дека играта ќе ја оствари целта за којашто е создадена – да придонесе кон повисоко ниво на финансиска писменост кај децата и младите. Централната банка и натаму ќе се обидува преку креативни и иновативни пристапи и решенија да вложува во финансиската едукација во Република Македонија, велат од НБРМ.

Би можело да ве интересира

Во декември годишен раст од 12,4% на депозитите, а 11,2% на кредитите

Ангеловска-Бежоска: Монетарната политика со значителен придонес за забавувањето на инфлацијата

Девизните резерви надминаа пет милијарди евра

Просечната камата на кредитите на годишно ниво во ноември е 5,36%, а на депозитите 2,12%

А1он

НБ: Каматните стапки на благајничките записи и на расположливите депозити се намалуваат за по 0,25 п.п.

Народната банка е насочена кон зајакнување на регулаторните, известувачките и супервизорските практики во управувањето со климатските ризици

А1он