Дебата за врсничкото насилство по повод Меѓународниот ден на толеранцијата

Од:

По повод Меѓународниот ден на толеранцијата – 16 Ноември, во Кинотеката на Македонија денеска ќе биде организирана дебата на тема „Врсничко насилство (булинг) во училиштата“. Настанот втора година го организира сервисната и хуманитарна организација, „Inner Wheel Club Skopje Europea“.

Ќе биде прикажан документарниот филм за булинг „Бел бес“ (White Rage) по сценарио, режија и продукција на Арто Халонен. Овој фински филм од 2015 година е добитник на повеќе светски награди, а ја истражува темата за врсничкото насилство на кое и самиот автор бил жртва.

По проекцијата на филмот, излагања ќе имаат претставници од Министерството за труд и социјална политика, Канцеларијата на УНИЦЕФ во Македонија, стручни лица за детска психологија и студенти. По нив ќе следува дебатата во присуство на ученици од основните и средните училишта, кои се директно изложени на оваа појава, како и студенти од неколку факултети во Скопје.

– Булингот е тема за која последниве години отворено се зборува но недоволно. Жртвите на овој вид нетолеранција најчесто вината за нападите ја бараат кај себе и ретко бараат помош или за тоа отворено зборуваат. Најчесто се затвораат во себе, стануваат повлечени, несигурни и избегнуваат дружње. Затоа е многу важно гласно да се зборува на оваа тема, да се побара совет од стручни лица, а вработените во образовниот процес треба навреме да ги детектираат овие појави, наведува организаторот на настанот.

Одбележувањето на Меѓународниот ден на толеранцијата ќе продолжи утре со тркалезна маса на тема „Говор на омраза“.

Би можело да ве интересира

Му се закани дека ќе му го убие целото семејство, па му одгриза дел од прстот

А1он

Ја силувал, ја тепал со столица, се заканувал дека ќе ја фрли од тераса

Предраг Петровиќ

Приведен психијатар осомничен за злоставување и дрогирање малолетници

Предраг Петровиќ

Започната е за истрага за тројца малолетни насилници кои тепаа познаници во училишен двор во Сарај

Семејна драма: Син осомничен дека се закануваше на својот татко

Собранието осветлено во портокалово во поддршка на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“