Врвниот тромбонист Џозеф Алези солист со Македонската филхармонија

Од:

На вечерашниот симфониски концерт на Македонската филхармонија насловен „Руска игра“ солист ќе биде Џозеф Алези, прв тромбонист во престижната Њујоршка филхармонија.

Оркестарот на Филхармонијата, предводен од диригентот Борјан Цанев, ќе ги изведе делата: „Адаџо за Јагода Сланева“ од Љубомир Бранѓолица, Концерт за тромбон и оркестар од францускиот композитор Анри Томази, како и фантастичниот балет „Петрушка“ од рускиот композитор Игор Стравински.

Џозеф Алези е прв тромбонист на Њујоршка филхармонија и е меѓу најдобрите соло тромбонисти кој настапува низ светот, не само во САД. Особено активен како солист, Алези се истакнал во 1990-тите години, настапувајќи со значајни оркестри низ светот, но и како камерен музичар.

– Неговите настапи, всушност, се вистински раритет, затоа што тој изведува ретко интерпретирани дела за тромбон, па затоа е и дел од многу аудиоизданија. За него ќе кажат дека е веројатно најдобриот жив тромбонист. Солистичкиот репертоар му е навистина широк и богат, во кој се вклучени дела од Бернштајн, Хиндемит, современи автори како што се Кристофер Роуз или Ерик Евазен, но и транскрипции на дела од Бах, Бетовен, Менделсон, Верди, Чајковски, Дебиси…, соопшти Филхармонијата.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска