Со натпреварот меѓу домаќинот Куманово и Лирија, вечерва продолжува сезоната во Првата македонска кошаркарска лига. Почетокот на овој дуел е во 19 часот, а се игра ден порано од првично предвидениот термин поради барањето на кумановчани за да имаат повеќе време за подготовки за средбата од БИБЛ лигата против Рилски во вторник.
Другите три натпревари од оваа рунда се играат утре.
Од 18 часот во Битола, во дуелот на двете последнопласирани екипи на табелата, Пелистер Спорт го пречекува Вардар, а во истиот термин во Струмица истоимената домашна екипа е домаќин на лидерот Кожув.
Дербито на колото е во салата „Градски Парк“ во Скопје (19 часот) каде ќе се сретнат поранешните шампиони Работнички и Фени Индустри.
Табела: Кожув 16 бодови, Лирија 15, Фени Индустри 15, Куманово 15, Струмица 14, Работнички 13, Вардар 11 и Пелистер Спорт 9.