Претседателот Доналд Трамп го номинира за американски амбасадор во Саудиска Арабија генералот од резерва Џон Абизејд, поранешен командант на Централната команда на САД.
Местото е испразнето од јануари 2017 година.
Трамп го објави изборот за амбасадор во време кога односите меѓу САД и Саудиска Арабија се ставени на испит по убиството на саудискиот новинар Џамал Хашоги во саудискиот конзулат во Истанбул.
Ако биде одобрен од Сенатот, Абизејд ќе го преземе амбасадорското место во Ријад во момент кога владата на Трамп размислува како да реагира за убиството на Хашоги, пишува „Вашингтон пост“.