СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ преку јавни притисоци се обидува да ги спречи институциите да ја вршат својата работа

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски секојдневно потврдуваат дека се на браникот на одбраната на криминалниот Никола Груевски.

Не само што по секоја цена го бранат криминалот на осудениот Груевски, туку Мицкоски и антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ преку јавни притисоци се обидуваат да ги спречат институциите да ја вршат својата работа.

Како што е јавно познато, автомобилите за коишто денеска врвот на ВМРО-ДПМНЕ лажно обвинува, поминале оттаму бидејќи во хотелот во близина на штабот на ВМРО-ДПМНЕ бил сместен генерал на НАТО Алијансата.

Легитимирањето поединци и проверката на автомобили е рутинско дејствување на припадниците на полицијата.

Никој, па ниту членовите на антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ не се над законите и правдата. Секој граѓанин без разлика на партијата што и припаѓа, има обврска да се легитимира ако тоа му биде побарано од овластено службено лице.

Едно да им биде јасно на пионот Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО ДПМНЕ: правда ќе има, Груевски ќе понесе одговорност, мора да ја одлежи казната што му ја одреди судот“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски