Забрани за камиони на неколку патни правци

Од:

Поради интензивните врнежи од снег во патниот сообраќај воведени се забрани за движење за тешки товарни возила на неколку патни правци во државата.

Товарните возила не може да се движат на планинскиот превој Стража и патниот правец Маврово – дебар, а на планинскиот превој Ѓавато задолжителна е употреба на зимска опрема.

На останатите магистрални и регионални патни правци, според информирациите на Авто мото сојузот на Македонија и Македонија пат, сообраќајот се одвива забавено, во зимски услови, по влажни коловози наместа со остатоци од кашест снег.

Железничкиот и авионскиот сообраќај засега се одвива без проблеми.

На аеродромот „Александар Велики“ во Скопје слетувањата и полетувањата се одвиваат според превидениот редослед. Досега, рРеализирани се сите слетувања и полетувања.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози