Стаматовски: Неприфатливи се безобзирните препукувања и поделбите на предавици и патриоти

Од:

Борците ги следат со внимание случувањата на политичката сцена. Не ни се прифатливи безобзирните препукувања меѓу двете најголеми македонски политички партии. Крајно иритирачка е квалификацијата предавници – патриоти. Неприфатливо е туѓото мислење да се прогласува за предавничко, а своето за патриотска.

Ова денеска го истакна претседателот на Градскиот одбор на Сојузот на борци од НОАВМ Трајко Стаматовски на одбележувањето на 13 Ноември – Денот на ослободувањето на главниот град, што се одржа пред Споменикот на ослободителите на Скопје, пред платото на Владата.

– Што се однесува до амандманската расправа во врска со Договорот од Преспа, се залагаме за конструктивна дебата се со цел да се дојде до најповолното решение. Природно, кога се тргнува од она што во определени околности може да се издејствува. Едно се желбите, а друго можностите. Сепак крајна цел треба да биде да станеме член на европското семејство, рече Стаматовски.

Борците посакуваат нашиот главен град да се развива сестрано, да ги добива белезите на модерен европски град, а неговите граѓани да ги уживаат благодетите на просперитетот и да живеат подостоинствен живот. Но, за таков живот, како што рече Стаматовски, тие треба самите да придонесат.

– Да живее, да се развива и да цути нашиот главен град, рече Стаматовски.

Би можело да ве интересира

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот