Според резултатите од 97 отсто од преброените гласови во самопрогласените републики Доњецк и Луганск, актуелните лидери Денис Пушилин и Леонид Пасечник освоија над 60 отсто од гласовите на изборите, кои се одржаа викендов.
Гласачите, исто така, гласаа и за пратеници на самопрогласените републики Доњецк и Луганск.
Иако, според договорот од 2015 година, предвидено е одржување на локални избори, критичарите, меѓу кои и украинскиот претседател Петар Порошенко, но и САД и ЕУ, сметаат дека гласањето е нелегитимно, бидејќи беше спроведено во области каде што Украина нема контрола.